Доминација на домашните селекции во првото коло во квалификациите за ЕП за ракометарки

0
572

Со четирите натпревари одиграни синоќа беше комплетирано првото коло во квалификациите за Европското првенство за ракометарки, што следната година ќе се одржи во Франција.

Во воведната рунда фаворитките немаа проблеми. На дури тринаесет од четиринаесетте средби одиграни, во седумте групи, победи забележаа репрезентациите кои ја имаа улогата на домаќини.

Единствено од гостинките, ракометарките на Литванија останаа непоразени и тоа во дуелот против Германија кој заврши без победник.

Комплетни резултати од 1.коло во квалификациите за ЕП 2018-та за ракометарки:

Група 1: Хрватска – Швајцарија 32-28 и Норвешка – Украина 35-22.

Група 2: Полска – Италија 40-13 и Црна Гора – Словачка 24-23.

Група 3: Шведска – Македонија 36-20 и Србија – Фарски Острови 38-26.

Група 4: Романија – Австрија 36-25 и Русија – Португалија 32-25

Група 5: Чешка – Исланд 30-23 и Данска – Словенија 28-22.

Група 6: Шпанија – Турција 35-16 и Германија – Литванија 26-26

Група 7: Унгарија – Косово 37-12 и Холандија – Белорусија 33-21.

Во следното коло македонските ракометарки за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија против која ќе играат во Скопје веќе во недела во терминот од 19 часот.

Коментирај