Доматите како превенција од мозочен удар

0
215

Исхраната богата со домати може да резултира со смалувањето на ризикот за мозочен удар, тврдат научниците од Финска од универзитетот во Кјопиј.

Нивните сознанија се темелат на анализите за влијанието на ликопенот, хемиски состав кој е одговорен за црвената боја на доматите, пиперките и лубениците. Податоците се собрани од 1031 испитаник и покажуваат дека најголемата концентрација на ликопен во крвта е поврзана со 55% помал ризик за мозочен удар. Присутноста на ликопенот во крвта на учесниците во истражувањето била мерена на почетокот и на крајот на 12-годишното истражување.

Истражувачите нагласуваат дека ликопенот како антиоксиданс придонесува за намалување на воспалителните процеси и превенција од згрутчување на крвта.

Коментирај