Домашни рецепти за пилинг за меки нозе

0
199

Со маслиново масло
Измешајте 1 лажица кафеав шеќер, сода бикарбона и маслиново масло. Натопете ги нозете во топла вода најмалку 30 минути, а потоа ги истријте ги со пилингот. Исплакнете и намачкајте се со навлажнувачки крем.

Со екстракт од ванила
Во сад, ставете 2/3 чаши бел шеќер и 1/3 чаша кафеав шеќер. Потоа додадете 1/2 чаша маслиново масло и 1 лажица екстракт од ванила. Ставете ја смесата во чиста и сува стаклена тегла, за да можете да го чувате пилингот подолго време.

Со нане
Измешајте 1-2 чаши шеќер, 1/2 чаша кокосово масло (можете да го замените со маслиново масло), 10-15 капки есенцијално масло од нане. Натопете ги нозете во топла вода најмалку 30 минути, а потоа ги истријте ги со пилингот. Исплакнете и намачкајте се со навлажнувачки крем.

Коментирај