Домашни грицки со вино

0
658

Состојки:
– 500 гр. брашно
– 4 филџани масло
– 2 чаши бело вино
– 1 лажица сол
– 1 јајце
– сусам – за попрскување

Подготовка:
Измешајте ги маслото, виното и солта. Промешајте ја смесата и постепено додадете го брашното во неа. Измешајте умерено тврдо тесто и поделете го на 4 дела.
Секое од нив исукајте го, свртете го на ролат и исечете парчиња. Парчињата премачкајте ги со јајце, посипете ги со сусам и печете во загреана рерна на 200 степени се додека не добијат бледо- кремаста боја.

На здравје!

Коментирај