Домашна алва

0
644

Состојки:
– 250 гр. гриз
– 1 маргарин
– 1 литар млеко
– 1 лажица цимет
– 100 гр. шеќер
– кокос или мелени непечени лешници

Подготовка:
Гризот пржете го додека да зармумени во 1 маргарин. Потоа ставете ги млекото (жешко), циметот, шеќерот, кокосот и убаво измешајте. Варете ги сите овие состојки се додека поголемиот дел од течноста не испари и не забележите дека при мешањето алавата се одвојува од тенџерето. Ставете ја алвата во тава и кога ќе се излади можете да послужите.

Наздравје!

Коментирај