(ДОКУМЕНТИ) Анѓушев крие дека има фирма во Србија – фирмата врти пари, а ја нема во анкетниот лист!

0
475

Вицепремиерот Кочо Анѓушев поседува фирма во Србија за производство, трговија и услуги „Брако Вире Продактс“, открива Економски Лидер.

Според официјалните податоци на централниот регистар на Србија, управител на фирмата „Брако Вире Продактс“, Панчево, е македонскиот државјанин Крсте Лазаров, а како законски застапник се води вицепремиерот Кочо Анѓушев. Оваа фирма која е основана во 2005 година е сеуште активна.

angjushev-koco-2

Сомнително е тоа што Анѓушев оваа фирма не ја пријавил во неговиот имотен лист, а согласно законот Антикорупциска Комисија треба да го истражи овој случај.

angjushev-firmi-srbija

Како што деновиве беше соопштено дека германскиот гигант Фолксваген ќе гради фабрика во Србија, ако ништо друго, барем оградата на фабриката би можела да биде подигната од жица која фирмата на Анѓушев ја произведува.

Извор:lider.mk

Коментирај