ДОКУМЕНТ: ЦИА и НСА во 1992 година биле за промена на граници и размена на население

0
1193

Американските Централна Разузнавачка Агенција (ЦИА) и Националната Безбедносна Агенција (НСА) во 1992 година сметале дека решение за конфликтот во поранешна Југославија е промена на границите и размена на население.

Според писмениот брифинг – документ кој го објавува Саша Узунов австралиски новинар со македонско потекло некои американски агенции не гледале други решенија за југословенската драма. Според брифингот тоа биле ЦИА и НСА.

CIA-NSA-JugoslavijaВо документот се вели дека некои разузнавачки служби оатануваат на ставот дека промена на граници и население со преговори и меѓународен мониторинг може да помогне во решение на кризата.

Другите сметале дека тоа не е изводливо сценарио и ќе донесе ново насилство и економска релокација.

Узунов неколку години ги истражува документите од американските државни архиви поврзани со Македонија.

Извор: Експрес.мк

Коментирај