Доктор Оз влегува во Белата куќа, советник на Трамп за спорт

0
505

Белата куќа на својата официјална страница објавила дека претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да го вработи Мехмет Оз, попознат како доктор Оз, за советник за спорт, фитнес и исхрана, објави Си-ен-ен.

Многумина со негодување гледале на оваа намера на Трамп, со оглед на тоа дека Оз многу колеги го прозваа заради научно непоткрепени совети што ги даваше на телевизија, заради што контроверзниот доктор веќе еднаш одговараше пред американскиот конгрес и пред судот.

– На ниту еден сериозен доктор не му е јасно зошто го правите тоа. Три производи што ги прогласивте за чудесни, научната заедница јавно ги исмеа – го нападнала Оз уште во 2014 година сенаторката Клер Мекаскил и побарала негово сослушување пред конгресот.

Две години подоцна во американската јавност одекна и втор случај поврзан со контроверзниот доктор, па во 2016 година Мехмет Оз прифатил судска спогодба според која на гледачите што ги измамил со лажни средства за слабеење, заедно со компании со кои соработувал, морал да им исплати отштета во износ од 9 милиони долари.

Но, неговата реторика, што сериозни доктори и институции јавно ја преиспитуваат, не се одразила на милионите обожаватели кои и понатаму безусловно го обожаваат.

Инаку, претседателскиот совет за спорт, фитнес и исхрана е дел од Секретаријатот за здравство.

Коментирај