Дојде живот за децата на функционерите: Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле децата во ЕЛЕМ

0
1090

Дојде живот за децата на високите функционери на власта. Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле своите деца во ЕЛЕМ, jавува Лидер кој се повикува на извори од оваа државна компанија.

Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери, во АД ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи од петти месецов.

Од истиот датум, како инженер за животна средина, вработен е и Димитар Грчев, кој е син на архитектот Мирослав Грчев кој во исто време е советник во Министерството за култура и голем промотор и подржувач на политиките на власта.

Децата на функционерите се вработени со договор за привремено вработување, што за порталот било потврдено и од анонимни извори од Агенцијата за вработување.

Коментирај