Дојде крајот за Усеин Болт – Објави крај на својата кратка фудбалска кариера

0
114

Најбрзиот човек на планетата, Усаин Болт стави крај на неговата фудбалска кариера.

Осум-кратниот освојувач на златен медал од Олимписките игри лично ја објави својата одлука да сопре со својот втор омилен спорт – фудбалот, дури и пред да ја започне својата професионална кариера.

Како што е познато, легендарниот спринтер одигра неколку средби за австралиски Централ коуст Маринерс, а постигна и два гола во контролen меч.

Двете страни долго време преговараа, но финансиските барања на Болт беа премногу големи, а австралискиот клуб одби да му го плати бараниот износ.

bolt1

– Не сакам да навлегувам во подборности, но мислам дека пристапив малку погрешно кон овој предизвик. Си ги научив лекциите од овој неверојатен предизвик.

– Се чувствував одлично во соблекувалната на професионален тим. Беше забавно додека траеше, рече Болт за „ЕСПН”.

Спринтерот се откажува од фудбалот, иако помина тестови во Борусија Дортмунд, Мамелади Сандаунс, Стромгодсет, а освен тоа имаше понуда за 2-годишен договор од малтешкиот шампион Валета.

За време на обидот да стане фудбалер, тој доби многу критики од различни играчи, тренери и експерти, но поддршка му беше укажана од Пол Погба и Рахим Стирлинг.

– Зборував со Погба и Стерлинг, тие ме поддржаа и рекоа дека се радуваат дека се обидувам. Нема да се плашам од тоа дека некои ме критикуваа. Сакав да се обидам. Тоа беше мојот сон и се радувам што го направив, рече Болт пред „Мирор”.

Коментирај