11.4 C
Скопје
вторник, ноември 19, 2019
Вести Со договорот помеѓу Заев и Ципрас се проектира нова држава „Северна Македонија“

Со договорот помеѓу Заев и Ципрас се проектира нова држава „Северна Македонија“

0
605

Лично сметам читајќи ја содржината на договорот, не се работи во класична смисла на меѓудржавен договор на две суверени држави. Туку постигната е една спогодба, договорена запрво спогодба за тоа како треба да се уреди новата држава на границата на Грција, „Република Северна Македонија“ објаснува за Пресинг ТВ, историчарот и професор Михајло Миновски.

Миновски образложи дека од тоа произлегуваат понатаму сите последици што се однесуваат и до АСНОМ и до македонската државност, нејзиниот карактер, континуитетот односно дисконтинуитетот. Тоа е во генерално земено она што претставува договорот. И најважно од се е дека со тој договор и таа да речеме ново договорена држава „Република Северна Македонија“ се става во целосна зависност од Грција, меѓутоа ако пошироко се гледа не само од Грција туку и од Бугарија и од Албанија. Значи она што предизвикува односно тоа е како последично влијание кој што го има овој договор меѓу се уште Република Македонија и Република Грција.

-Не е зачуван идентитетот, може само категорично да се каже дека не е зачуван туку се виде дека се воизменува односно се менува националниот односно идентитетот бидејќи веќе не се работи за национален идентитет туку за идентитет на народот. И во таа смисла исто така претставува некој преседан во меѓународните односи односно нешто специфична одлика на еден ваков договор кој што така како целина, таков договор не е познат во меѓународните односи и во договорите за решавање на било какви прашања, нагласи Миновски.

Коментирај