Добрината како клуч кон совршен секс

0
925

Кај некои луѓе добрината доаѓа сосема природно. За жал, сепак, добрината понекогаш се покажува како тешка задача, кога станува збор за партнерот на „долг рок“. Лесно можеме да покажеме дека тој / таа не е доволна за нашите потреби. Или пак остануваме во неутрална позиција.
Кога во односите со партнерот ни преовладува добрината, се менува атмосферата меѓу нас.
Нема што да се лажеме – ние имаме потреба од љубов и добрина, како од кислород, храна и вода. Имаме потреба од добрина и кога добиваме и даваме задоволство.
Освен тоа нашиот нервен систем се прилагодува за секс, штом ќе се смириме. Добрината еден кон друг е проследена со желбата за секс не само кај жените, но и кај мажите. Таа поттикнува допир и бакнежи, кои можат да бидат исклучително сензуални и дури да доведат до нешто многу возбудливо.

loading...

Коментирај