„Добредојде“ и на албански на дигиталната табла пред Скопје

0
331

Град Скопје ја коригира дигиталната табла на влезот на главниот град каде пишува „Добредојде“ само на англиски и на македонски, но не и на албански, објави Алсат М.

Коригирањето следува откако пред една недела Алсат направи споредба помеѓу двете дигитални табли, таа која е поставена на самиот влез во Скопје на Качанички пат каде добредојде пишува на три јазика и другата, идентична табла поставена на влезот од Скопје, од кумановска страна каде албанскиот јазик не фигурираше никаде.

Случаите со табли со правописни грешки или каде воопшто нема текст на албански јазик, се чести. Една од нив е и на таблата во пожарникарската бригада каде командантот рече дека наскоро ќе се постави нова табела со натпис и на албански јазик.

Извор:Република.мк

Коментирај