Доаѓа сонце: Еве какво ќе биде времето за и после Нова Година (ФОТО)

0
365

Од утре следува период на стабилно и посончево време со умерен северен ветер и ниски утрински температури.

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Сончево со мала облачност, по одделни котлини со слаба утринска магла, ќе биде во вторник, односно на 31 декември. Во последниот ден од годината во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Првите два дена во Новата Година ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Коментирај