Дневникот на Бистра – По патеката на државноста- Ден 36

0
638

Ден 36

Карев, Ченто, Сандански, Делчев денес шетаат низ народ. (Ок, сликите нивни) хахахаха, а националните знамиња бара-бар со оние на #4 Илинден сè на повисоки и на повисоки прачки ги креваат… Иконографијата на просторот целосно блеска во црвено-жолтата боја, мали, средни, хартиени, платнени, стари подискинати, какви сè не знамиња денес видов, sorry ама не можев да ги добројам, дека тоа беше невозможно. Преполно од луѓе, преполно со знамиња и секакви други црвено-жолти реквизити. Ее, сега, некои ставаат на себе толку многу такви стварчици, шо не моеш да ги препознаеш. Хахахаха Денес една моја комшика ми вика Бистре мори не ме препозна? Не тетка Мицо – и велам, со таа капата, шалот, црвено-жолтиот гердан, во раце со едно големо срце-знаме, на грбот со големо знаме наметната место џемперче (дува и ладно е, нешто се налути времево),не можев да те препознаам, многу си се наредила.. хахахахаха

Тетка Мица ви е возразна, малку уморена (она ни е security и видео надзор у маало, само на прозор е) но чесна жена, и коа ќе доат нејзините од работа, секој ден доаѓа тука и еве нема да ја познаеш. хахаха

И така денес река народ ги поврза по бул. Климент Охридски (сменија малку рутата) Владата и ЕУ канцеларијата. А на ЕУ зградата опнале реклама за нив ЕУ ЗА ТЕБЕ! (меѓу прв и втор кат)… толку народ се изнасмеа на тоа, дека искуството и праксата со овие претставници на ЕУ, не научија на други работи….

А народот со воите пароли ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ПОМИНЕ! НЕ ЗА ТИРАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО! БЕРЕТЕ ПАМЕТ ТРПЕНИЕТО НА НАРОДОТ Е ПРИ КРАЈ! И најјаката МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!

Денес главни ѕвезди ни беа, Гајдите од скопски и винички регион, барем така кажаа едните од Драчево, другите од Истибања, третите поима неам од каде, а што е важно? Важно сите беа македонски гајди и дојдоа да ја поздрават нашата ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА! До нив одма наредени и други народни инструменти: тамбура, едното не го знаев, ама се викало кемане, и кавалот ок го знам. Леле шо све имаме по оваа Македонијава, а јас не сум имала поим. Има време, ќе учам! Втор ред наредени скопски тапани, знам поинакви се од лазоровските (тие ги знам), овие скопскиве помали ама поостар им е звукот. Сите заедно одлично звучат, специјално оркестаров составен од 13 луѓе, сè одбор јунаци, во носии дојдоа специјално да не поздрават. Фала им, ! Луѓе се сликаат со нив, овие не научени да бидат ѕвезди, скромни се, се поднасмевнуваат, а светов го поминале со тие свински опинци, со тие стари носии – ми раскажува еден од нив, вика се награди носиме… Китки на капите си стаиле, да се знае дека во свечена носија дошле… Еј, топ се луѓево, од работа брзале за да стигнат на време за пречек на гостинот, разбрале дека Туск ептен сакал гајди. хахаха

Ете сите заедно со тапаните што се секој ден со нас, бијат силно и во еден ритам, сè поуиграни се, му дават ритам на маршот, оддржуваат ритам на одењето, па и на пеењето. Ете со цел овој оркестар од инструменти сите пеевме онаа од Самарџиев: „Све-тот не-ка слуууша, ка-де и да бии-деш, ве-ру-вај во сееебе, … ко-га ти е теее-шко, ние сме со тееебе, си-те да пее-ме (и тука имаш урлање од народ…..на рефренот)….

Цр-ве-на, цр-ве-на… бо-ја ми е нај-ми-ла….

Супер им текнало на дечкиве да се појават гајдите. Добро во мијачијата кај нас не, ама подолу кај Брсјаците, вика баба ми, главен инструмент за на свадба да ти била гајдата…. сеа, така викаат, од кај да знам? денес само на концерт ги глеаме, којзнае колку останале да свират на овој интересен инструмент…. имаше и еден дедо Пеце на врмето шо победил у Италија на светски натпревар на гајди. Ова случајно ми остана у глаа глеав на МРТВ 3 документарец… хахахах..гајдите денес се на протест, пиштат и го изразуваат народниот бес.

Е, и денес соодветно на приликата ја поздравивме ЕУ како што и доликува…36-ти ден шо би рекол Богдан повторуваме, дека не сакаме двојазична Македонија,ниту двонационална, него мултикултурна Македонија. 36 дена повторуваме дека неможе да има дебата за знамето, за химната, за државниот грб, нема дебата за името на Република Македонија. И народов, му одобрува на сите можни начини…. значи дилема за ова нема, многу едноставно е, никој не збори во друга насока…

Ние таман накострешени за УА ЕУ, кога тој смирува…„Некогаш доаѓаат и такви политичари кои имаат малку повеќе сенс за зборот суверенитет и такви политичари кои не се наметнуваат со такви решенија, кои резултираат со свиткана кичма. Му посакуваме добредојде на господинот Туск и му посакуваме добро да не види колку сме, бидејќи ако повторно дојде некој Хан ние можеме да се собереме и во неколку пати поголем број од овој. Се надеваме дека ги слушнал нашите пораки……Никој не може да ја сака оваа земја повеќе од нас самите и никој не може да се бори повеќе за неа од нас самите. Добронамерниците ќе ги пречекаме како што треба, оние другите, како што заслужуваат.“Браво бе Богдане Илиевски, ми ги читаш мислите….

Дурловски посериозен…. им порачува: „Некој можеби пресметал дека досега ќе се умориме, дека ќе се намали бројот на присутните. Можеби ќе опадне мотивацијата кај народот, но не сум сигурен дека знаат дека тука сме со чиста мисла и вистинска идеја. Можеби нивните калкулации би биле точни доколку се работеше за платена револуција. Е, ама оваа нее !!!! Народот на улиците низ Македонија е како недоброни капки во море и како безброј искри во огнот. Да живее заедничка Македонија! И народов најнормално го поздравува со овации како што доликува на првенец, на оперска ѕвезда. (Тии, неми текнува како се вика машка примадона? Примадон, да речеме?) хахахахах ај не е важно, важно Дурло ни е селебрити….

И таман некој си помисли дека го заборавивме, ете ги пак со поздрав кон претседателот д-р Иванов….овојпат со навијачки спортски поздрав , десна страна вика О-у лева со А! и така два три пати го поздравија нашиот претседател.

Дамовски пај распали нуклеарно….”за 36 дена со нашето заедништво покажавме дека присуството е нашето нуклеарно оружје и заканата за секој што сака да ја растури нашата унитарност, сака да го смени уставот и знамето. Триесет и шести ден ви викаме едно големо НЕ! Ама народе, денот е добар затоа што конечно слушнавме и дека ронка разум од некој европски политичар да каже дека сепак ова е внатрешен проблем, ќе се решава тука во Македонија и народот ќе одлучи. Да живее Македонија, а оваа Европа денеска, како се чини денеска малку поосвестена, ќе ја поздравиме со нашето срце…

И така ја поздравиме со чукањето на сите наши срца….
Срцки се овие од Заедничка Македонија!

Кисс до утре

Коментирај