ДНЕВНИК: И Ахмети сака да биде мандатар

0
747
epa01343256 A leader of the Democratic Union for Integration (DUI) ,Ali Ahmeti greets to his supporters during the protest against violence during electorial campaign in Tetovo on 13 May 2008. Ali Ahmeti, has escaped an attempt on his life while campaigning for the country's June general election, local media reported on Tuesday.Ahmeti, a leader of the Democratic Union for Integration (DUI), told police gunmen opened fire on his car in the western village of Rahovec on Monday but he escaped uninjured. EPA/GEORGI LICOVSKI

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да биде мандатарот реформатор кој ќе обезбеди широко мнозинство за спроведување на реформите и излез на земјата од политичката криза. Ова се размислувањата во ДУИ кои повторно го враќаат во игра Ахмети за мандатар откако партијата одлучи да не донесе одлука за коалиција со мандатарот Никола Груевски и особено по ставот на ЕУ претседателот на државата Ѓорге Иванов да определи лидер за формирање поширока влада, пишува Дневник.

Размислувањата во ДУИ се дека Ахмети може да биде мандатарот кој може да обезбеди пошироко владино мнозинство, иако со резерва дека тоа би била влада во која би партиципирале двете македонски партии. Но, според размислувањата во ДУИ, ова би било во игра само доколку се оди на опцијата за широка владина коалиција. Од партијата се децидни дека остануваат на ставот дека не преферираат ниту една од партиите и дека на маса се петте опции – влада со ВМРО-ДПМНЕ, влада со СДСМ, широка коалиција, ДУИ во опозиција и нови избори. Од ДУИ додаваат дека за идните чекори во партијата се чека на одлуката на Иванов кому ќе го даде мандатот.

-Доколку се оди на опцијата за широка влада, тогаш зошто Ахмети да не биде мандатарот реформатор. Ахмети може да обезбеди поширока поддршка од партиите, односно владата да ја сочинуваат повеќе партии. Таа влада би имала строго определена агенда за спроведување на реформите, целосна имплементација на Рамковниот договор и НАТО и ЕУ-агендата, како и определен рок на дејствување – коментираат во ДУИ.

ДУИ неодамна лиферува информација дека доколку Груевски и Заев не успеат да обезбедат мнозинство за формирање влада, шефот на државата ќе треба мандатот да му го додели на Ахмети, иако лидерот изјави дека не се гледа во премиерското столче.

Од ДУИ велат дека одлука за нова влада не била донесена, меѓу другото, и како соломонско решение на лидерот Ахмети да ја спаси партијата од натамошни делби. Спротивставените партиски крила, едното за ВМРО-ДПМНЕ и другото за СДСМ, и по тридневните консултации во Мала Речица останале на своите позиции. И двете страни се едногласни само дека чекаат како ќе постапи Иванов и која од партиите ќе го добие мандатот за формирање влада.

И вчера брифинзите од двете крила се дијаметрално спротивставени.Kрилото за коалиција со СДСМ зад кое стојат потпретседателската тројка Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта смета дека доколку Иванов го даде мандатот на Заев, има шанси ДУИ да договори влада со социјалдемократите. Според ова крило, најлоша опција за ДУИ би била нови избори оти стравуваат дека ќе нема време да ги повратат изгубените гласачи.

Наспроти ова, другото крило смета дека тешко ќе оди и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ и дека можеби излезна варијанта би биле нови избори во мај или септември. Ова се совпаѓа со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нови избори.

Коментирај