Дневен хороскоп: 28.09.2018

0
493

Овен

Немојте да сте летаргични. Потрудете се да ги завршите обврските и потоа да уживате во викендот.

Немате обзир за нечии чувства бидејќи немате посебна почит кон таа личност. Сепак, не им го трошете времето.

Паднат ви е имунитетот.

Бик

Не сакате само кампањски да и пристапите на работата, туку сакате да сте доследни на себе. Тоа ќе ви одземе повеќе време, но ќе ви овозможи почит кај надредените.

Една Девица од странство е одличен избор за вас. Пробајте на време да се подготвите за поголеми предизвици на полето на емоции.

Можни се болки во стомакот.

Близнаци

Имате големи издатоци кои се врзани со понатамошното инвестирање во нови проекти. Бидете посветени денеска и следните денови, а потоа ве очекува голем успех.

Премногу сте статични во односот кон една личност и постојано ја разочарувате. Водите тивка борба со насмевка на лицето.

Спијте повеќе.

Рак

Денес ќе водите битка која некогаш одамна е изгубена. Сепак, прифатете го поразот и продолжете напред.

Некој ќе ве поттикне да се впуштите во силна љубовна врска, без оглед на ситуацијата на која сте навикнати.

Здравјето ви е чувствително.

Лав

Отсекогаш сте сакале посилна позиција и не сте биле лош лидер. Сепак, потребно  е да бидете забележани од некоја личност за да успеете.

Не заборавајте дека самотијата не е добра за никого, а најмалку за вас. Некоја личност ќе се појави, добро би било да и дадете шанса.

Уморни сте и под стрес.

Девица

Сакате да ги држите ситниците под контрола кога станува збор за работата. Не е лоша идеја дополнително да се ангажирате за работи кои сте ги пропуштиле претходно.

Имате одлични аспекти на полето на емоции. Излегувајте и повеќе дружете се. Ќе уживате во друштвото на една Риба.

Дигестивни проблеми.

Вага

Доколку се занимавате со приватен бизнис не очајувајте поради лошите околности. Останете истрајни.

Ви доаѓа познанство кое ќе резултира со врска, преку некој од вашите колеги. Покажете се во најдобро светло.

Проблеми со притисокот.

Шкорпија

Денеска ќе ги соберете плодовите од вашата напорна работа во текот на целата недела.

Не морате многу да се двоумите околу емоциите. Бидете само искрени кон себеси.

Направете крвна слика.

Стрелец

Тимската работа ви е загарантирана денеска. Не сте од оние кои сакаат да работат сами и тоа ќе ве направи многу среќни. Шансите за успех се огромни.

На повидок е нова љубовна врска со личност родена во огнен знак. Бидете отворени и искрени кон таа личност.

Здравјето е одлично.

Јарец

Лошо сте поставени во однос на работата овој период. Доколку не решите некои работи, можни се поситни грешки кои ќе влијаат на вашата работа.

Слободните претставници на овој знак можат да здивнат поради проблемите кои ги имаа со своите бивши. Доаѓа подобар период за вас.

Зимурливи сте.

Водолија

Некои работи можат да ви го поправат денешното расположение, но само ако вие го дозволите тоа. Не покажувајте лошо расположение кон луѓето кои не го заслужуваат тоа.

Можни се раскинувања на некои врски. Размислете добро.

Проблеми со синусите.

Риби

Ситуацијата на работа може да се поправи само ако ја следите својата конкуренција.

Се чувствувате лошо во присуство на една Шкорпија. Не трошете време на таа личност.

Здравјето е релативно добро.

Извор: skopjeinfo.mk

Коментирај