„Диво Насеље“: Обвинетите штрајкуваат со глад, најавуваат судири со полицијата

0
368

Незадоволни од третманот и условите во затворот во Шутка, еден дел од кумановската група обвинети во случајот „Диво насеље“,  од неделата започнале штрајк со глад, пишува Нетпрес.

Вал Зерај, еден од членовите на кумановската група во изјава испратена до  весникот „Лајм“, ги посочил главните причини за започнување на штрајкот.

„Главната причина е тоа што се игнорира нашето барање за префрлање од затворот Шутка во тој во Идризово. Ова е неправда. Напаѓачите на Зијадин Села нема ни два месеци како се осудени, а нивното барање да бидат префрлени на отворен дел од затворот е прифатено, а нас ни го одбиваат таквото барање. И тие се осудени за тероризам, и ние сме осудени за тероризам. Зошто се прави ваква селективност“, прашува Зекај.
Поради студеното време и лошите услови, здравјето на дел од затворениците кои штрајкуваат почна брзо да се влошува, а во моментов во најлоша состојба е Шефќет Халаци. И покрај ова, тие немаат намера да го прекинат штрајкот.

„Ние не го прекинуваме штрајкот додека нашите барања не бидат исполнети. Од утре ќе го радикализираме, и ако е потребно, ќе почнеме и судири со чуварите и  затворската полиција. Живееме во нехумани услови. Хигиената е на најниско ниво. Нема затополување, иако температурите паднаа под нулата. Храната не исполнува никакви стандарди. Храната што ни ја носат членовите на семејствата ја враќаат назад. Не разбирам каков затвор е овој, нема храна за да ни дадат, а ниту им дозволуваат на роднините да ни донесат“, вели Зекај.

Во моментот, уште девет членови од кумановската група се наоѓаат во затворот Шутка. Вал Зерак за весникот Лајм ја даде неговат верзија зошто нивното барање е одбиено.
„Во август беше прифатено нашето барање за префрлање во Идризово , но со интервенција на Синиша и Мемет беше одбиено. Се плашат од нашето обединување во затвор, бидејќи на тој начин ќе се открие суштината на предавството во Куманово“, нагласува Зекај.

Извор:Лидер.мк

Коментирај