Димовски: Со целиот овој случај СДСМ си купи време пред јавноста, обезбеди некакви политички поени, со цел да увидат граѓаните дека тие нешто прават

0
434

Во вечерашното гостување во емисијата „ Отворено на Алфа“, новинарот Саше Димовски коментираше за инцидентот кога беа нападнати поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски во затворот „Шутка“. Тој запраша дали премиерот и министерката претходната недела не знаеле дека течат роковите за претседателските избори, па дознале сега и поради тие рокови директорот Ѓоко Котевски не може да си поднесе оставка и да биде разрешен.

-Навистина е смешно да се тврди дека не можат да го разрешат сега или тој не може да поднесе оставка, прво Владата е таа која ги избира и разрешува функционерите како во случајот на затворот. Таму си финкционира систем, и понатаму не е спорно да работи заменикот или в.д од рамките на институцијата, луќе кои се вработени во затворот, истакна Димовски.

Тој нагласи дека законот забранува разрешување или именување во одредени ситуации кои се поврзани со изборите, односно злоупотреба на некое право. Именот тој посочи пример што ќе се случи ако не дај боже директорот го запали затворот, тогаш за да се разреши случајот треба да се чека да дојдат претседателски избори.

-Ова е истата ситуација кога премиерот Заев пред да дојде на власт кога викаше дека ќе прави реформи во судството, па ќе ги менува сите судии, ќе ги праќа на реизбор. Па кога дојде СДСМ на власт сфати дека тоа било избоен популизам, не можело така истото и овде, истакна Димовски.

Новинарот Димовски додаде дека со целиот овој случај СДСМ си купи време пред јавноста, обезбедиле некакви политички поени, со цел да увидат граѓаните дека тие нешто прават и на овој начин се покажа дека некој не сака да излезе целата вистина на виделина.

Коментирај