Димовски: СДСМ нема желба искрено да се вклучи во борбата со аерозагадувањето

0
117

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, односно на Комисијата за финансирање и буџет, Димовски истакна дека проблемот со аерозагадувањето е проблем кој датира од многу порано и дека најверојатно неговото решавање ќе трае уште неколку години.

Исто така додаде дека мора да се превземат чекори и мерки како да се намали загадувањето, но пред да се посегне по било каков чекор, првиот чекор е да се постават мерни станици кои ќе лоцираат каде се најголемите жаришта на загадување.

-Доста ги лажете луѓето дека сте го зголемиле буџетот за животна средина. Зголемен е од 4,2 милиони на едвај 5 милиони. Аерозагадувањето го спомнувате како да е нешто минорно и не сакате да сфатите дека е тоа од круцијално значење за сите граѓани на Република Македонија. Ова не е никаква политичка тема и за ова мора да има национална стратегија која ќе придонесе за сите граѓани на државата, вели Димовски.

„Граѓаните на Република Македонија не дочекаа да видат исполнување на ниту едно ветување од страна на СДСМ и Владата. Граѓаните се сведоци на двојни аршини и делење пари помеѓу неколку семејства, делење на пари во неколку институции и ништо повеќе“, заврши Димовски.

Коментирај