Димовски: Албанија е 10 години во НАТО па е зад нас, она што Заев го ветуваше за возврат за промена на името беше ЕУ

0
396

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа истакна дека Заев и целата негова Влада ветуваа дека промената на името и Преспанскиот договор се клучни за отворање на македонските европски перспективи. Сепак и покрај тешките чекори кои ги превзема Македонија, додаде тој македонската европска иднина е повторно блокирана.

-Ние како држава презедовме претешки одлуки, претешки чекори кои што ни беа претставувани како доволен пакет за да го добиеме овој европски пат, на крај се сведе работата дека најголемото богатство кое што сме го имале, идентитетот името сме ги дале, а не сме добиле она за што било ветувани дека ќе го добиеме, вели Димовски.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека она што Заев им го ветуваше на граѓаните за возврат за промена на името беше токму членството во Европската Унија, но сега ова се испостави само како уште една негова лага.

-Она што граѓаните требаше да го добијат за возврат е од ЕУ, а не од НАТО. Затоа што, видете Албанија е 10 години членка на НАТО па сите велиме дека Албанија ни е помалку реформирана, помалку стабилизирана, потешко се живее. Немам никаква намера да навредувам никого, тоа е очигледно. Нашиот премиер, нашиот претседател на држава велат да не бевме во пакет со Албанија се боревме да се исклучиме, ако бевме сами ние ќе одевме Албанија немаше да оди. Поентата ми беше дека членството во НАТО нема да гарантира правна држава, права на бизнисмените, нема да гарантира неутралност и независност на извршната власт од правосудството итн, рече Димовски.

Коментирај