Димитровски: Бугарските пратеници веќе разговараат за договорот, а кај нас не е дојден на дневен ред

0
707

Бугарските пратеници веќе разговараат за договорот, а кај нас не е дојден на дневен ред, изјави аналитичарот Предраг Димитровски во „Отворено студио“ на ТВ Нова.

„Малкумина знаат што навистина содржи тој договор. Бугарските пратеници разговараат за него, а кај нас не е дојден на дневен ред. Самата таа нетранспарентност кажува многу. Ние не знаеме ни дали заендичкото славење на Илинден е иницијатива на Македонија или е барање на Република Бугарија? Дилемата е ако заедничкото славење на Илинден го бара Македонија има димензија на отворена распродажба на историјата, доколку барањето го поставила Софија станува збор за уцена“, посочи Димитровски.

Според него, очигледна е тенденцијата да се остави минимален простор за дебата за договорот со Бугарија.

Коментирај