Димитровска од „Хендикеп плус“: Разочарана сум што во Парламентот сум навредувана од пратеници

0
783

Пратениците од власта со навреди и без почит кон лицата со попреченост. На денешната јавна расправа за предлог законот за социјална заштита која се одржа денес во Собранието тие не можејќи да ја прифатат критиката од претставниците на организациите на лица со попреченост почнаа да им упаѓаат во збор и да ги навредуваат, при што дел од нив демонстративно заради навредите ја напуштија расправата.

Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп плус“ на јавната расправа посочи дека на законот му ставаат европско знаменце, но истиот нема европски стандард бидејќи не се во согласност со трошоците и потребите на лицата со попреченост и не е во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

– Ова е срамно што се случува. Не ги почитувате препораките на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, а сте должни бидејќи таа не вели може и ако сака туку мора, веднаш и сега и таа е влезена во член 118 од Уставот. Мислите ли дека 7.000 денари е висок европски стандард за лице со хендикеп?, посочи Димитровска.

На ваквите критики пратениците од владејачкото мнозинство не можејќи да се воздржат и да се соочат со критиките почнаа жестоко да напаѓаат при што Димитровска демонстративно ја напушти салата на Собранието истакнувајќи дека е разочарана што е навредувана и ѝ дофрлаат пратеници во Собранието каде што демократијата која подразбира различни ставови треба да е на прво место.

Ѓорчев до Царовска: Добро ќе беше оние 300.000 евра од Фонд за иновации наместо да ги дадете на вашите пријатели, да ги инвестирате во лицата со попреченост

Коментирај