Димитров: Република Македонија го признава Гуаидо како в.д. претседател на Венецуела

0
290

Македонија го признава Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела, напиша денеска на Твитер македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

„Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на собранието на Венецуела, Гуаидо, за привремен претседател, во согласност со Уставот, за да ги спроведе претседателските избори слободно, праведно и демократски“, напиша Димитров.

dimitrov-status-venecuela

Коментирај