Димитров го предложи за амбасадор професорот кој одобри стипендија од 40 илјади евра за ќерка му

0
2149

На вчерашната владина седница МНР Димитров, како законски овластен, го предложил Мишо Докмановиќ, професор на Правниот факултет, за амбасадор во Тел Авив. Но, основан е сомнежот дека ваквиот предлог на Димитров претставува незаконит судир на интереси, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Имено, истиот професор Докмановиќ на 4-ти август 2017 година, со решение на министерката за образование Дескоска, бил дел од составот на Комисијата за доделување на стипендии за додипломски студии во странство.

Невообичаено за администрација, комисијата се состанала веднаш, истиот ден кога е формирана и по итна постапка го разгледала и одлучила по барањето на ќерката на Димитров да ѝ биде доделена државна стипендија во висина од 40.000€ за секоја година од студиите во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.

Со одлуката за доделување на споменатата стипендија Комисијата овозможила член на семејството на министерот Димитров да оствари приватен интерес и материјална корист. Затоа постои основано сомнение дека остварувањето на ваквиот значителен приватен интерес за семејството на Никола Димитров влијаело врз (не)пристрасното вршење на неговите министерски овластувања кога тој одлучил на владата да и’ го предложи токму професорот Докмановиќ, а не некој друг, за амбасадор во Тел Авив.

Затоа за овој случај, согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, антикорупциската комисија треба по службена должност да покрене постапка за утврдување на судирот на интереси на релација Димитров-Докмановиќ и нивната взаемно остварена корист. До завршувањето на таа постапка препорачливо е претседателот Пендаровски да се воздржи од потпишување на указ за ополномоштување на професорот Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив.

Владата ја почести ќерката на министерот Димитров со 40.000 долари стипендија?!

Коментирај