Димитров: Атина сака име во кое ќе има јасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција

0
293

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во емисијата „Панорама“, што се емитуваше синоќа на бугарската телевизија БНТ1 повтори дека не може да зборува какво име договараат Македонија и Грција. Рече дека иако знае дека интересот на јавноста за ова прашање е големо, спека, не може да открива детали.

-Знам дека главен интерес на јавноста е тоа, но колку повеќе кажуваме јавно толку повеќе ги намалуваме шансите на процесот. Така што не можам многу јавно да зборувам за тоа. Може да кажам дека имаме две цели – едната е таа што ѝ потребна на Атина да има јасна диференцијација или динстинкција меѓу државата Македонија и регионот на Македонија во Грција, а втората цел е тоа да се направи на достоинствен начин, двете страни кога ќе се поздравиме да можеме да се разделиме со исправени глави- рече Димитров.

Тој истакна дека името Македонија мора да остане.

-Премиерот рече: ‘Ќе кажам дека можеби можеме да размислуваме за географска одредница’, но тука стави точка- вели Димитров.

Македонскиот шеф на дипломатијата вели дека Македонија прави сè за да се надминат разликите во спорот за името и дека постои надеж дека и од другата страна има голема волја.

-Не е лесно. Прашањето е многу тешко. Проблемот е стар колку што е стара нашата независност од 1991 година. Неретко беше злоупотребуван за домашни политики, но ние како што излеговме од кризата чувствуваме дека има една шанса. Многу сме благодарни на соседна и блиска Бугарија што вниманието во Европа го сврте на Балканот и сакаме таа шанса да ја искористиме – вели Димитров.

Коментирај