Димитриевски: Aнатемата дека „сите сме исти“ мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни

0
117

Афера „Рекет“, интензивна истрага и експедитивна разрешница, побара кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска преку статус на својот профил на Фејсбук.

Доволно е со делење на совети и памет, што треба да се направи, ги држите позициите, имате одговорност, работете и исчистете го криминалот во корен без исклучок или повлечете се и оставете простор на професионалците да сработат. Оваа анатема дека ‘сите сме исти’ мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни.

Целава сторија им остави простор на злосторниците да се трансформираат во жртви и борци против криминалот, едноставно одговорност мора да има за сите – напиша Димитриевски.

Извор:република.мк

Коментирај