ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО: Советникот на Заев, Забрчанец им забрани на новинарите да ја следат лидерската средба

0
1176

Владината служба за информации не дозволува фоторепортерите и снимателите да ги снимаат лидерите кога влегуваат на состанок во Клубот на пратеници попладнево во Скопје, по што тие во знак на протест ги оставија камерите пред влезот.

Официјално, на новинарските екипи им е кажано дека не смеат да влезат во кругот на Клубот на пратеници оти „таков е протоколот од безбедносни причини“.

Откако неколкумина се побунија со забелешка дека во изминатите 27 години до сега ниту еднаш не се случило фоторепортерите и снимателите да не смеат да ги сликаат лидерите како излегуваат од колите, по што во знак на протест  си заминаа,  Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност во Кабинетот на премиерот им дофрли: „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“.

Повеќето од фоторепортерите се надвор.

Robert-Atanasovski-za-Zabrcanec

Извор: Лидер.мк

Коментирај