ДИК прифати 4 од 12-те приговори на ВМРО ДПМНЕ, но нема да има прегласување

0
185

Државната изборна комисија на денешната отворена седница прифати 4 од 12 поднесени приговори за гласањето на вториот круг од претседателските избори и избори за градоначалници во Охрид и Ново Село.

Се работи за технички грешки , но членовите на ДИК заклучија дека иако се понишува гласањето на 4 избирачки места во Радовиш, Охрид, Куманово и Сарај, нема да има прегласување бидејќи гласовите на овие места нема да влијаат на вкупниот резултат.

Поништено е гласањето на избирачко место број 1001 во Куманово бидејќи за едно гласачко ливче не се совпаѓаат потписите и гласачките ливчиња во кутијата.

Од истите причини поништено е гласањата на избирачкото место 1588 во Радовиш . Во Шуто Оризари е поништено гласањето на избирачко место 2967 затоа што еден гласач не можел да си го оствари своето право затоа што на нејзиното место во изборачкиот список веќе имало потпис.

Во Сарај е поништено гласањето на ИМ 2430 бидејќи при кинењето на гласачкото ливче од кочанот, искинат е еден дел од него, а потоа член на ИО го залепил со селотејп и му го дал на гласачот.

Избирачките одбори кои ги направиле овие технички грешки ќе бидат разрешени.

Поништените гласачки места се однесуваат на претседателските избори.

Гласањето нема да се повтори бидејќи бројот на гласачи не може да ги промени резултатите.

Единствениот приговор за гласањето за градоначалник во Ново Село е одбиен, бидејќи наводите на ВМРО ДПМНЕ се покажале како неточни.

Коментирај