ДИК не го издржа притисокот: Четирите бонус плати ќе ги вратат или ќе ги донираат

0
925

Членовите на Државната изборна комисија на денешната јавна седница потенцираа дека одлуката за надоместок за изборите за нив и за стручната служба и други ангажирани лица е законска и според член 19 од Изборниот законик и Правилникот на Комисијата.

Тие истакнаа дека од распишувањето на изборите до нивното завршување за нив нема работно време, ниту празници, ниту викенди и дека работеле по зацртаните рокови, во одредени денови и по 20 часа дневно.

Одлуката, според нив, е целосно оправдана и поради тоа што во одредени околности во опасност бил и нивниот живот. Ги прифаќаат критиките за трнспарентноста.

Членовите на ДИК, иако сметаат дека ги заслужиле тие пари, сепак по вчерашното обвинување од страна на американскиот амбасадор Џес Бејли и, како што посочија, поради судот на јавноста четирите дополнителни плати ќе ги вратат во буџетот или ќе ги донираат.

Инаку, според информациите кои можат да се најдат за висината на платите на членовите на ДИК, нивните месечни примања се околу 70.000 денари. Кога тоа ќе го помножите со бонусите кои си ги поделиле, математиката вели дека секој член на ДИК за еден година инкасирал по околу 1,5 милиони денари или по околу 24.000 евра.

Кога на ова ќе се додадат и другите додатоци кои се земаат, како прекувремена работа и пред се патни трошоци, може да се каже дека е доста профитабилно да се биде член на ДИК. Ако се има предвид дека Комисијата сега има 9 члена, пресметките покажуваат дека само за плати и бонуси на членовите на ДИК, за една година граѓаните платиле 216.000 евра.


Откако Бејли ги искара, ДИК во 14 часот јавно ќе ги враќа бонусите

Коментирај