ДИК ЈА ОБЈАВИ ИЗЛЕЗНОСТА ВО 15 ЧАСОТ: Преку 50% паланчани излегле на гласање – одѕивот најголем во цела Македонија

0
297

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани денеска на пресконференција ја соопшти излезноста на предвремените парламентарни избори до 15.00 часот.

ДИК ги собра податоците за излезноста на гласачите во овие избори до 15.00 часот и излезноста изнесува 31,78 проценти – соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

По изборни единици излезноста е најголема во ИЕ 3, 37,24%, каде што во Крива Паланка излегле на гласање повеќе од половина запишани гласачи – 50, а најмала е се уште во ИЕ 6 22,85%.

Излезност до часот по изборни единици

ИЕ 1: 34,51%, ИЕ 2: 29,96%, ИЕ 3: 37,24%, ИЕ 4: 35,51%, ИЕ 5: 31,5%, ИЕ 6: 22,85%

Коментирај