Дијабетесот може да се победи со „глад“

0
574

„Гладот“ помага во борбата против дијабетес тип 2, велат експертите од Универзитетот во Њукасл. Нивното истражување било објавено во списанието The Lancet. Во експериментот учествувале 298 лица на возраст од 25 до 65 години, на кои во последните шест години бил дијагностициран дијабетес тип 2. Тие биле поделени на експериментална и контролна група – за првата имале развиено посебна програма за намалување на тежината.
Членовите на експерименталната група ја почитувале екстремната диета: во текот на три месеци тие конзумирале не повеќе од 853 калории во ден. Како резултат на тоа, тие во просек ослабеле 10 килограми, а пациентите во контролната група – само еден килограм. Кај речиси 90% од пациентите кои изгубиле 15 кг. или повеќе во текот на експериментот, дијабетесот тип 2 доживеал ремисија. Симптомите на опасната болест, исто така се намалиле кај кај повеќето ослабени пациенти кои изгубиле помеѓу 10 и 15 кг. И кај оние кои имале најмалку успех – 5 до 10 кг – ремисија била забележана на 1/3. Во контролната група која била стандардно третирана  овој показател бил едвај 4%.

Експертите тврдат дека нивната посебна диететска програма може да го победи дијабетесот тип 2, кој, според нив, веќе не може да се смета за доживотна и хронична болест. Ако за време на ремисија дијабетичарите се вратат на погрешениот начин на исхрана, што во многу случаи е и причина за нивната болест, постои опасност повторно да се разболат, велат докторите. Дијабетесот тип 2 е ендокрина болест која се развива поради недостигот на хормонот инсулин. Повеќето дијабетичари исто така страдаат од прекумерна тежина.

Коментирај