Диета за здрава коса

0
121

Ако сте ги испробале сите шампони, маски и витамини и не ви помагаат, тогаш време е да ја преиспитате вашата исхрана. Важно е да знаете дека на косата можат да влијаат разни прехрамбени производи, а меѓу нив на прво место се масните риби: лосос и скуша. Потоа следат, кефир, павлака и јогурт. Во секојдневната исхрана би требало да вклучите и свеж, зелен зеленчук. Прочитајте како изгледа диетата што ќе ви обезбеди здрава коса.

Појадок
Наутро можете да пиете чај и да јадете сендвич од леб и сирење. Како алтернативен избор, појадувајте овесна каша со суво овошје и сок од портокал.

Ужина
Салата од зеленчуци со леб, јајца и една чаша кефир.

Ручек
Салата од зеленчук со растително масло. Зготвена риба со зелена салата, зачинета со лимон и маслиново масло.

Ужина
Овошје, кое било. Јаболката и крушите се најдобри за зајакнување на косата.

Вечера
Пржено пилешко филе и зеленчук.

Пред да одите на спиење, најдобро е да изедете 2 портокала или да испиете чаша јогурт.

Коментирај