Дибиров: Никој не очекуваше вакво нешто, ќе си заминам во солзи

0
662

Македонската спортска јавност пред неколку дена беше изненадена од објавата дека Сергеј Самсоненко повеќе нема да го финансира РК Вардар.

Тимур Дибиров во интервју за „Брз Центар“ откри дека и самите ракометари биле изненадени од веста која им ја соопштил директорот Давор Стојановски. За потенцијалното заминување на Самсоненко се шпекулираше подолго време, но се веруваше дека тоа се само гласини и шпекулации.

Такво мислење имал и Дибиров.

„За заминувањето на Сергеј слушавме само шпекулации и не верувавме. Јас се информирав и верував само во она што го читав на официјалниот сајт на клубот, мислевме дека работите во клубот се одвиваат нормално. Навистина не очекувавме проблеми. Бевме повикани на состанок до директорот Давор Стојановски кој ни кажа дека проектот завршува на крајот од сезоната. Не можеме ништо да направиме спортот бара жртви и инвестиции, Сергеј сигурно има свои причини за ова што се случува, тоа не е наша работа да е мешаме“, изјави Дибиров и додаде дека со Самсонеко се уште немале состанок.

Потоа тој зборуваше и за неговото заминување и најави дека ќе си замине во солзи.

„Тешко ќе ми биде да ја напуштам Македонија. Сигурно тоа ќе биде со солзи. Тука поминав многу срени моменти. Тие моменти не ми носеа радост само мене, туку и на моето семејство. Вардар секогаш ќе биде нешто што ќе биде дел од мене“, порача Дибиров.

Извор: sportski.mk

Коментирај