Џорџ Сорос донираше 18 милијарди долари на „Отворено општество”

0
292

Познатиот американски финансиер Џорџ Сорос подари голем дел од своето богатство на својата фондација, основана во 1984 година за поддршка на демократијата, човековите права и слободата на печатот.

– „Отворено општество” доби 18 милијарди долари од 87-годишниот Сорос, голем донатор на Демократската партија во САД, изјави портпаролката на Фондацијата.

– Сумата е поврзана со „тековниот трансфер на средства” од страна на Сорос, кој планира да го остави најголемиот дел од богатството на Фондацијата „Отворено општество “, истакна таа. Сорос почна во 2015 година да префрла средства во Фондацијата, во моментот кога неговото богатство беше проценето на 24,2 милијарди долари.

Со оваа донација, Фондацијата „Отворено општество” станува втора најбогата невладина организација во САД, по фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, која располага со 40 милијарди долари за да помага во решавањето на проблемите во јавното здравство и развојот ширум светот, покажуваат податоците на „Нешнал филантропик траст.

Коментирај