Џордан: Не можам да ја опишам болката, Коби ми беше како помлад брат

0
207

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан останал во шок кога дознал дека Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа.

Брајант секогаш велеше дека Џордан е неговиот пример, и дека многу потези „украл“ токму од него. Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс загина вчера во хеликоптерска несреќа, а веста го погоди и славниот Џордан.

„Во голем шок сум поради веста за смртта на Коби и Џиџи. Не можам со зборови да ја опишам болката која ја чувствувам. Го сакав Коби бидејќи ми беше како помлад брат. Тој беше голем борец и еден од најголемите кои кошарката некогаш ги имала.“ – порача Џордан.

Да потсетиме, Брајант загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес, а покрај него загинаа уште осум лица меѓу кои е и неговата 13-годишна ќерка Џиџи.

Причината за падот се уште не е позната, а полицијата напорно работи да дојде до нови информации околу тоа што се случувало пред големата трагедија.

Коментирај