Џон Траволта за принцезата Дајана: Бев нејзиниот принц на бел коњ

0
209

Во 1985 година, тогаш 24-годишната принцеза Дајана заедно со нејзиниот сопруг-37 годишниот принц Чарлс, се најдоа во Вашингтон, каде беа гости на Американскиот претседател Роналд Реган.

На гала вечерта присуствувале бројни славни личности, како што се Клинт Иствуд и Том Селек. Но еден актер заедно со принцезата Дајана, успеал да одигра историски танц, за кој и денес сеуште се говори. Се работи за Џон Траволта а нивниот историски “настап“ бил толку впечатлив, што елегантниот црн фустан на принцезата после тоа бил наречен “Траволта“.
Иако Дајана таа вечер танцувала и со Американскиот претседател, и со Иствуд и со Селек, најмногу сепак се забавувала играјќи со Траволта.

princeza-dajana-i-dzon-travolta-1458753449-83774

 

Во повеќе ситуации, слваниот актер се има осврнато на таа вечер.
“Ја ставив раката на средината на нејзиниот грб, а потоа ја спуштив малку подоле за да и дадам самодоверба, да знае дека ќе ни биде пријатно. Почувствував дека ја вратив во детството, кога најверојатно го гледала “Брилијантин“, и во тој миг бев нејзиниот принц на бел коњ“

dzon-travolta-i-princeza-dajana-1458753357-83772

Доказ дека тие двајца биле сјаен тандем на танцовиот подиум, докажува и громогласниот аплауз кој го добиле после нивниот настап.

Коментирај