Џон Сноу и Денерис Таргариен новите лица на парфемот The One

0
433

Со сигурност можеме да кажеме дека Dolce & Gabbana се големи фанови на Game of Thrones: Џон Сноу и Денерис Таргариен ќе бидат лицата на најновата рекламна кампања за парфемот The One.

Само пред една недела Доменико Долче и Стефано Габана го најавија актерот Кит Харингтон како рекламно лице на машката верзија на парфемот. Сега веќе станува јасно дека Емилија Кларк исто така ќе се вклучи во кампањата на брендот.

„Емилија Кларк отелотворува една совршена жената според Dolce & Gabbana: таа е сјајна и енергична“, се вели во соопштението на дизајнерите.

„Нејзината личност и природна убавина ја содржи суштината на новата кампања: радосна, спонтана и исполнета со живот. Таа е The One!“, дополнуваат Долче и Габана.

Досега женскиот парфем на D & G се рекламираше од Скарлет Јохансон, Жизел Бундхен и др. Како ќе изгледа визијата на заедничката кампања на The One за Неа и за Него – ќе стане јасно во септември, кога парфемите ќе бидат пуштени на пазарот.

 

Коментирај