Џафери: За законот за јазиците ќе одлучи коалицијата, во петок реконструкција на владата

0
290

Законот за јазици ќе биде испратен во Службен весник кога ќе одлучи коалицијата. Вака Собранискиот спикер Талат Џафери на брифинг со новинарите го објасни времето кога законот ќе се најде во службеното гласило. За него, тоа не е индивидуална задача, туку заедничка одлука на владеачкото мнозинство.

„Нема кршење на уставот ако законот се испрати до Службен весник само со мојот потпис. Не се работи само за потпишување и не станува збор за индивудуално прашање туку за институционално. Треба да се изнајде форма за крајна реализација“ , вели Џафери.

Во петок Собранието ќе гласа за реконструкција на владата, прва по точно една година од формирањето. Седницата ќе има две точки, избор на министри и заменици министри. Џафери не предвидува кога би завршила седницата, вели дека до петок на полноќ треба да се направи изборот на новите министри.

„Заради празникот Рамазан Бајрам побарав од пратениците да направат двочасовна пауза ако до 19 часот не се реализира гласањето. Доколку изборот на заменици министри не се случи до полноќ, седницата ќе продолжи во сабота“, изјави собранискиот спикер.

Тој на брифингот со новинарите рече дека наскоро ќе се формира и Државната изборна комисија која согласно измените  во изборниот законик ќе има привремен мандат од шест месеци. Џафери вели дека наскоро ќе се објави конкурсот за состав на ДИК. Засега е нејасно која од албанските опозициски партии ќе добие член во ДИК. По двајца пратеници имаат Алијанса за албанците и тетовското крило на БЕСА.

Тонско Фадил Зендели Пратеник од БЕСА

За собранискиот спикер Џафери е несериозно да се размислува за предвремени парламентарни избори. Сепак вели дека тие може да се случат ако мнозинството одлучи да се самораспушти

Коментирај