Дете на кое му се восхитува целиот свет: 6 години, секој ден, на грб го носи до училиште своето другарче – инвалид

0
176

Дете од Кина, Жу Бинџанг (12) го воодушеви целиот свет кога се прошири веста дека тој веќе 6 години на својот грб го носи другарот Жанд Жеа во училиште.

И да има дожд, снег или на суво време, Жу ниту еднаш не пропуштил да го носи својот другар на училиште. Тие двајцата се нераздвојни од прво одделение.

Жан Же страда од Miastenije gravis, болест поради која нема контрола врз мускулите и не може сам да оди.

Вели дека засекогаш му е благодарен на својот училиштен другар.

„Жу Бинџанг е мојот најдобар другар. Секој ден разговараме, учиме и се дружиме. Благодарен сум што се грижи за мене“, рече тој.

Иако она што го работи е физички исцрпувачко, Жу вели дека ништо не му пречи.

„Јас сум поголем од него. Мислев дека ако не му помогнам јас, никој нема. Јас имам повеќе од 40 килограми, а тој околу 25“, вели момчето.

Коментирај