Детали за удавената жена во Вардар: МВР потврдува дека не била пријавена за исчезната (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

0
3024

Безживотно тело на жена денеска било извадено од водите на реката Вардар, во близина на пешачкиот мост кај Железничката станица во Скопје.

Од МВР за МИА потврдија дека се работи за повозрасна жена, родена 1951 година. Телото е без видливи траги на насилство и е дадено на обдукција.

Жената, како што објавија некои медиуми, не била пријавена за исчезната и кај себе немала документи за идентификација. Допрва ќе се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.

Извор: курир.мк

Коментирај