ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Хоспитализиран и таткото на 5- годишното девојче кое се удави во базен во Скопје

0
633

Петгодишното девојче кое утрово почина на скопските клиники се удавило во базен во угостителски објект во близина на населбата Злокуќани во Скопје.

Според информациите до кои дојде Скопје Инфо, попладнево во болница е хоспитализиран и таткото на девојчето кој е во критична здравствена состојба како последица од стресот кој го доживеал по информацијата за смртта.

МВР попладнево информираше дека вчера било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче кое утринава во 8,30 часот починало.

Извор:курир.мк

Коментирај