Детали за пожарот во зградата во Скопје

0
320

Пожарот кој вечерва избувна во стан од зградата „Папагал“ во центарот на Скопје е изгаснат.

Засега нема информации за повредени лица, но на лице место сè уште се присутни возила на Пожарна и на Брза помош.

Булеварот сè уште е блокиран за сообраќај, а жителите излезени пред зградата.

„Република“ пренесува дека според кажувањата на насобраните граѓани, пожарот најверојатно бил предизвикан од плинска боца, но официјалните причини ќе бидат познати по увидот.

Извор:лидер.мк

Коментирај