Детали за настанот за кој зборува цела Македонија: Кого уапси полицајката пливајќи во Вардар? (ВИДЕО)

0
1543

На 05.07.2019-та во 12:45 часот во Полициската станица Центар од полициска службеничка од СВР Скопје на Кеј Димитар Влахов, под мостот „Око“ бил  приведен Б.Ш.(44) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Во близина на Соборниот Храм во Скопје Б.Ш. извршил дрска кражба и почнал да бега.

При бегството во близина на Владата на кејот на река Вардар бил забележан од полициската службеничка, но Б.Ш. скокнал во реката по што со цел да не избега по него во реката скокнала и полициската службеничка која пливајќи успеала да го стигне и приведе на другата страна од реката во близина на зградата на Основното јавно обвинителство.

Коментирај