Детали од акцијата во скопско Крушопек: Дpoгaтa била дел од меѓународен швepц, скриена во склад за овошје

0
1766

Кoкaинoт што попладнево беше фатен во скопското село Крушопек бил дел од поголем меѓународен синџир. Пратката тргнала од Јужна Америка и преку Италија и Црна Гора стигнала во Македонија, објави Телма. Таа била скриена во склад со oвошје, а од трите камиони само во еден имало дpoга.

Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дpoга ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности“.

-По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дpoга. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден, напиша Чулев на Фејсбук.

Извор: Република.мк

Коментирај