Дескоска: Законот за ЈО е обид да се зголеми бројот на обвинителите кои гонат висока корупција

0
212

Министерката за правда Рената Дескоска истакна дека новиот закон за јавно обвинителство треба да обезбеди измена на изборот на обвинителите со зголемување на критериумите за нивен избор.

– Целта беше да се обезбеди независност на обвинителите кое треба да гони висока корупција и кое треба да ги процесуира случаите на СЈО – истакна Дескоска.

Минситерката објасни и дека се предвидува зголемување на бројот на обвинители во Обвинителството за организиран криминал без да се прејудицира нивниот избор.

Коментирај