Дескоска: Џафери и баџанакот не се роднини и нема прекршување на Законот

0
113

Јас не гледам никакво прекршување на законот во постапката за избор новите членови на Антикорупциската комисија, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска во врска со реакциите во јавноста за изборот на Нури Бајрами за член на ДКСК, кој е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според неа, ако се гледа правнo, роднинските врски со овој степен не се опфатени. – Но надвор од тоа, дури и да се опфаќаше нема формално прекршување на законот, затоа што постапката беше според законите, рече министерката.

Останува на ДКСК, како што посочи Дескоска, дали ќе си ја врши работата совесно, чесно и така како што е пропишано со законот.

–Да оставиме време на новиот состав на Антикорупциската комисија да почне да работат и од тоа ќе се цени дали бил направен вистинскиот избор или било нешто друго во позадина,рече Дескоска и додаде дека сега тие имаат и нови надлежности – ќе ценат јавни набавки, финансирање на политички партии, изборните кампањи…

Министерката потсети дека законот за спречување на корупцијата бил носен во транспарентна процедура во консултации со европските експерти и со невладини организации, а селекцијата и изборот на кандидатите гарантирале траспарентен избор.

Извор:lider.mk

Коментирај