Десетици милиони евра во бунар: Анкетите покажуваат дека скапата кампања нема да помогне за успех на референдумот

0
385

Скапата кампања која власта ја води убедувајќи ги граѓаните да гласаат „ЗА“ на референдумот кој се одржува во недела, со кој се предвидува промена на уставното име и Уставот на Република Македонија, според последните анкети не го донесе успехот кој можеби и се очекуваше, поради парите кои беа фрлени на истата.

Последната анкета спроведена од ИПИС бележи голем пораст на оние кои ќе го бојкотираат референдумот, на анкетата на оваа агенција во август, 22.7 проценти од граѓаните се изјасниле дека ќе бојкотираат, додека пак на септемвриската тој број е пораснат за 6 проценти, сега 28.7 проценти од граѓаните најавиле бојкот на референдумот.

Пораст има и кај оние кои ќе гласаат „ЗА“ на референдумот, но тој пораст е премногу мал од само 0,2 проценти, од августовските 43,2 проценти, септемвриските велат 43.4 проценти поддршка за договорот.

Експертската јавност вели дека иако се фрлени многу пари во кампањата, овие бројки и порастот на оние кои не го поддржуваат референдумот и договорот со Грција е очекуван. Пред се поради неможноста на премиерот Зоран со своите секојдневни киксови да ја покрие фактичката состојба, која значи откажување од македонскиот идентитет.

Како еден од многуте киксови кои граѓаните и експертската јавност му ги забележуваат на Заев е поткупот кој побара бизнисмените да го дадат на граѓаните. Според кривичниот законик на Република Македонија тогаш Заев сам направи кривично дело, повика и други граѓани да направат кривично дело, а откри и дека сопственик на фирма со поткуп го прекршил законот.

-Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со Влаканов, инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се остваруваат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата, изјави Заев пред кривопаланчани.

Тој повика и други сопственици да ги прават тие потези.

–Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почестете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, кажа Заев во Крива Паланка.

Како голем кикс на премиерот Заев е говорот пред три дена во Струмица, каде свесно или не целосно го опиша начинот на кој работи неговата дипломатија – хазардерски и без компас. Заев пред струмичани рече дека нема друг план за државата, тој во покерски речник кажа дека се коцкал со државата и народот и дека повеќе не му останале ниту „кецеви“, ниту „џокери“.

-Немојте да мислите дека некој друг ќе ни ја заврши работата, дека има некој резервен план, нема. Ова е храбра битка, играв со сите кецеви и џокери во ракав, играв со мојот народ, играв „all in“, играв на се или ништо, кажа Заев.

Како трет голем кикс на Заев експертската јавност го забележува она што го кажа во Неготино пред два дека, каде пред граѓаните кажа дека политичарите манипулираат.

-Можеме да правиме политички калкулантства, можеме како сакаме да се правдаме. Нас политичарите не бива да манипулираме како сакате, политиката тоа во светот го прави и во Македонија видовме сиве овие години, кажа Заев.

Ова се само дел од многуте киксови кои премиерот на Македонија ги направи во текот на кампањата, велат експертите. А тие велат дека покрај неговите киксови и другите членови на Владата се склони ни скандали во текот на нивните средби со граѓаните.

Како еден од примерите се дава примерот во Аеродром, каде граѓанин сакаше да постави прашање до министерската за одбрана Радмила Шекеринска, прашање кое не им се допадна на другите присутни на трибината, па тој прво беше нападнат, му беше одземен листот кој го држеше во раката, а од страна на организаторите му беше исклучен и микрофонот.

Според експертската јавност, но и според она што го покажуваат бројките и бројните посети од странските државници и дипломати не донесоа поддршка од страна на граѓаните за референдумот и договорот со Грција.

Во реториката на најголемиот дел од нив е дека за влезот во Европската унија, договорот со Грција е само еден од условите, а за исполнување има уште многу од нив, иако во референдумското прашање членството во ЕУ е една од клучните компоненти.

Како најголем дебакл за Заев дојде говорот од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку видео порака побара од Македонците да излезат на референдум и да гласаат за да станат Северна Македонија, а во ниту еден момент не го спомена членството во НАТО и ЕУ.

Коментирај