Дерби на денот: Барселона – Реал Мадрид, „Кралот“ ќе ја спаси честа или Каталонците ќе испишат историја!?

0
188

Во недела на програмата е големото дерби во Ла Лига, Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Ова Ел Класико поради многу причини ќе биде интересно за следење, но ние предност ќе дадеме на домаќинот кој доколку не загубат ќе направат историја во Шпанија.

Барса чека историја

Со веќе освоена титула во Ла Лига, Барселона сега сака да направи историјата со завршување на сезоната без пораз во Ла Лига. Такво нешто, не е постигнато никогаш во Шпанија. Поради таа причина, “Ел Класико”, кој без тоа можеше да биде како пријателски натпревар, доби дополнителна важност. Добро, ова е секогаш е најголем дерби меч, со многу жар, желба и борба, но без оваа можност за Барса, можеби немаше да го има препознатливиот интензитет.

Реал Мадрид сака да го осети тој посебен вкус на фрустрирачка Барселоина и ќе направи се за да се исполни тоа. Меѓутоа фудбалерите на Барселона се во секој случај помотивирани, бидејќи доколку не загубат ќе бидат “вечно непобедливи”.

Каталонците разочарани од ЛШ, Реал се спрема за финалето

И покрај освојувањето на титулата во Шпанија, фудбалерите на Барса се разочарани од настапот во Лигата на шампионите. Пред се, откако не успеаја во целта уште еднаш, кога никој не очекуваше нивна елиминација. Сепак каталонците мораат да запаметат дека тие веќе освоија две титули сезонава, а Реал Мадрид ниту една.

Да, Лос Бланкос се во добра позиција да ја направат историја со освојување на трета последователна титула во Лигата на Шампиони, но тие треба да одиграат финале со разиграниот Ливерпул.

Од друга страна, тоа би можело да го натера Зидан да ги промени неговите почетни 11. Се споменува дека францускиот тренер ќе остави дури седум од неговите стартери на клупата за да ги сочува силите за финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Но бидејќи ова е “Ел Класико”, не верувам дека ќе има премногу промени.

Реал Мадрид има проблеми во дефанзива, но …

Сериозни проблеми, ранливост и слабост во одбраната на Реал има во последниот период. Но со фудбалери како Серхио Рамос, Варан и останатите, тие проблеми можат лесно да се решат. На последните седум меча во сите натпреварувања, Реал Мадрид прима барем по еден гол. Сега се поставува пшрашањето, како ќе се одбранат против Барселона. Сепак какви проблеми и да имале овие два тима во минатото, на Ел Класико тие проблеми како да не важат. Затоа не треба да се залажувате дека на Барса ќе и биде лесно да постигне гол. Исто така, тие треба да се тестираат против Барселона пред нивниот судир со Ливерпул.

Од друга страна, нов европски трофеј ќе им донесе голема радост на навивачите, бидејќи тие ќе имаат основа да ги потценат домашните постигнувања на Барселона – Лигата на Шампионите продолжува да биде најголемиот трофеј во клупскиот фудбал.

Последно Ел Класико за Иниеста, а тој на клупата !?

Андрес Иниеста за кого ова е последно „Ел Класико“ најверојатно ќе биде оставен на клупата за резерви, а Валверде има дилема за позицијата покрај десната аут линија – Паулињо или Дембеле?

Фелипе Кутињо се очекува да игра на левата страна место Иниеста, остатокот на тимот е познат. Останува да се види дали Валверде ќе се одлучи шанса да му даде на Бразилецот како во првото „Ел Класико“ оваа сезона вили пак ќе започне со Осман Дембеле.

Извор : sportski.mk

loading...

Коментирај