Денеска се слави големиот светец и епископ

0
638

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 мај.Денеска е Св. Епифаниј Кипарски.Епифаниј беше по род Евреин, но откако ја увиде силата на Христовата вера се крсти заедно со сестра му Калитропија.На свои 26 години се замонаши, а подоцна основа и свој манастир. Неговите подвизи, мудроста и дарот на чудотворство го прославија низ цела Палестина и Египет.Бегајќи од човечката слава тој се сретна со свети Пафнутиј, кој му прорече дека ќе биде епископ на Кипар.Така и се случи по некое време.Во неговата 60 годишна возраст беше и против негова волја избран за епископ во градот Саламина, со чија црква управуваше 55 години. Се упокои во 403 година во длабока старост.

Коментирај